СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Гејтс: Потценувањето на Елон Маск не е добра идеја

Потценувањето на Елон Маск не е добра идеја, рече основачот на Microsoft, Бил Гејтс, цитиран од Yahoo Finance.

Гејтс оваа недела ги пофали Тесла и нејзиниот извршен директор за придонесот во борбата против климатските промени во подкаст на New York Times.

„Важно е да се каже дека она што Елон го прави со Tesla е еден од најголемите придонеси во борбата против климатските промени што некој некогаш го дал“, рече милијардерот филантроп.

Изјавата на коосновачот на Microsoft следи по изјавата на Маск дека Гејтс зазема кратки позиции во однос на акциите на Tesla.

„Слушнав дека има големи кратки позиции. Не знам дали е тоа вистина или не, но изгледа чудно“, рече Маск.

Минатата година Гејтс рече дека електричните камиони никогаш нема да бидат „практично решение“ за транспорт на големи товари на долги растојанија. Маск ја игнорираше изјавата, велејќи дека Гејтс „не се разбира“ од електрични камиони.

Претходно, Маск изрази разочарување од купувањето на Porsche Taycan од страна на Гејтс и ги опиша разговорите со поранешниот шеф на Microsoft како „разочарувачки“.

Поврзани вести

„Тотал“ купи 20% од најголемата светска компанија за соларна енергија

Влатко Зорба

Зара, Х & М и Страдивариус затвораат илјадници продавници ширум светот

msp-admin

Пандемиската година најпрофитабилна во историјата за Lamborghini

Влатко Зорба