СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

SEC може да покрене истрага за Маск за купувањето на Биткоин

Основачот на Тесла, Елон Маск, може да биде испрашуван од страна на Комисијата за хартии од вредност на САД (SEC), откако производителот рече дека купил Биткоин вреден 1,5 милијарди долари, предупредуваат некои експерти.

Извршниот директор на Тесла (CEO) и еден од најбогатите луѓе на светот, би можел да биде испрашуван доколку Тесла веќе поседувал Биткоин, бидејќи цената на криптовалутата се зголеми откако во неговата биографија на Твитер се вклучи „# Bitcoin“, пишува Телеграф. Оттогаш, Маск го избриша хаштагот од неговата биографија на платформата.

„Не би било изненадување – со оглед на твитовите на извршниот директор, цените на Биткоин и неодамнешните драматични движења на пазарот – SEC да постави прашања во врска со фактите и околностите овде“, рече Даг Дејвисон, партнер на „Линклатерс“ и поранешен шеф на одделот за спроведување на SEC, изјави за Телеграф.

Во изјавата на 8 февруари, Тесла рече дека купила биткоин во вредност од 1,5 милијарди долари и може да започне со прифаќање на криптовалутата како плаќање за нејзините производи во „блиска иднина“.

Доколку SEC го испрашува Маск, ова нема да биде прв пат да се соочи со регулатор на пазарот. Во 2018 година, милијардерот плати казна од 40 милиони долари за да се реши спорот што произлегува од твитот за приватниот статус на Тесла.

Во своите твитови, Маск често зборува за друга криптовалута, Доџкоин, велејќи дека купил „малку“ за неговиот син.

Поврзани вести

„Revolut“ додаде единаесет криптовалути во понудата

Влатко Зорба

Тргувањето со криптовалути достигна рекордни 68 милијарди долари

Влатко Зорба

Grayscale купуваат над 5.000 Bitcoin за помалку од 24 часа

Влатко Зорба