Банката, позната по својата вклученост во скоро сите финансиски трендови и кризи во 21 век, како и по финансиските услуги што ги обезбедува за големите инвеститори, одлучи да ја прошири својата понуда на производи со лансирање платформа за т.н. мали инвеститори на берзите и на тој начин потенцијално да привлече голем број на нови корисници.
Инвестициската банка ја претстави платформата „Маркус Инвест“, која прифаќа минимални депозити од илјада американски долари за онлајн трговија на берзи.
Во светлината на лудоста во последните месеци околу слична услуга обезбедена од апликацијата „РобинХуд“ и вклучувањето на голем број нови учесници на берзите, без брокери и со релативно мали влогови, се чини дека финансискиот гигант од Менхетен повторно навреме го прифати сегашниот тренд и употребата на нови технологии.
Сепак, „Маркус Инвест“ сè уште има вграден некој вид советодавна услуга, дури и ако е од алгоритамска природа. За тоа, корисниците плаќаат годишна провизија од 0,35 проценти на годишно ниво, или 3,5 долари за минимален депозит од 1.000 американски долари.
„Маркус“ не е нова платформа, бидејќи постои од октомври 2016 година, но до денес пред се нудеше купување на нефункционални заеми, т.н. „лоши заеми“ на заинтересираните инвеститори. Патем, услугата е именувана по основачот на банката -Маркус Голдман.
Засега, инвестирањето во берзи преку оваа платформа е можно само за корисниците од САД.