СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Биткоинот се држи близу 52.000 долари, но има еден голем проблем

Доларот ослабе на меѓународните пазари на валути во четвртокот, откако охрабрувачките индикации од американската економија се измешаа со првите апели за претпазливост во пресрет на новиот фискален стимул од Вашингтон.

Еврото зајакна 0,2 проценти во однос на доларот и се тргуваше за 1,2065 $. Зелената валута беше речиси непроменета во однос на јенот, останувајќи на 105.735 јени.

Индексот на доларот наспроти корпата од шест други клучни светски валути се лизна за 0,2 проценти, на 90,675 поени.

Трговците внимателно ги следат преговорите за новиот пакет помош на САД во корона-кризата, вреден 1,9 трилиони долари.

Записникот од последната сесија на американската централна банка потврди дека ФЕД е подготвен да продолжи со ултра стимулирачката монетарна политика дури и во случај на нагло зголемување на економската активност.

Меѓу аналитичарите, сепак, се појавија првите гласови на претпазливост околу американските стимулативни фискални и монетарни политики, кои би требало да ја поддржуваат економијата во време на пандемија на коронавирус.

„Доларот е сè уште најскапата валута што ја следиме во Г10, но неговата привлечност ќе биде ослабена од растечкиот буџет и трговскиот дефицит“, предупредуваат аналитичарите на UBS Global Wealth Management во белешката до клиентите.

Биткоинот остана на дофат на рекордни 52.640 долари, достигнати ноќта среда спрема четврток. Се засили околу 58 проценти во февруари, така што некои аналитичари веќе почнаа да предупредуваат дека неговото зајакнување може да биде неодржливо, според Ројтерс.

Поврзани вести

Најголемиот „рудник“ на Биткоин планира ИПО од 500 милиони долари

Влатко Зорба

Швајцарска банка стара 177 години додава тргување со криптовалути

Влатко Зорба

Тесла купи биткоини за 1,5 милијарди долари и наскоро ќе прифаќа плаќања во криптовалута

Влатко Зорба