СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Samsung наскоро би можел да го објави Galaxy Tab S7 Lite

Samsung минатата година го претстави одличниот Galaxy Tab S7, а оваа година можеме да видиме и објавување на подостапна верзија на овој таблет. Сметката на Твитер на WalkingCat објави можен маркетинг материјал за Galaxy Tab S7 Lite.

Нема многу информации за уредот, но се сугерира дека Galaxy Tab S7 Lite ќе има 12,4-инчен дисплеј и 5G конекција. Таблетот исто така, наводно, ќе ја поддржува одликата на Samsung Galaxy Continuity, што им овозможува на корисниците да добиваат телефонски повици и пораки од компатибилните телефони Galaxy.

Престојниот таблет Lite не се очекува да биде толку моќен како Tab S7, но ќе има подостапна цена. Galaxy Tab S7 чинеше 649 $ по издание, додека моделот Lite првично може да чини под 500 $.

Според „свиркачите“, таблетот ќе биде објавен во текот на јуни, кога се очекува и Tab A7 Lite.

Поврзани вести

Huawei најавува надградба на EMUI верзијата 10.1 на најпопуларните уреди

msp-admin

YouTube воведува проверка на факти при пребарувања

msp-admin

„Кинескиот крал“ претстави еден од најмоќните телефони за 2021 година

Влатко Зорба