СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Apple може да го замени iPad mini со поголем iPhone

Се повеќе има извештаи за потенцијалниот флексибилен iPhone на Apple, а најновиот го поврзува со „евтиниот“ iPad. MyDrivers сугерира дека Apple би можел да го замени iPad mini со нов флексибилен модел на iPhone, кој исто така ќе понуди можност за внесување содржина со паметно пенкало.

Минатата недела се појавија информации дека флексибилниот телефон на компанијата од Купертино може да има поддршка за стилусот, но не е познато дали тоа ќе биде сегашниот „Apple Pencil“ или некој нов уред. Дисплејот се очекува да биде помеѓу 7,3 и 7,6 инчи, со долг сооднос.

MyDrivers сугерира дека може да го видиме флексибилниот уред на Apple во текот на септември 2022 година, иако некои други извори сугерираат објава едвај во текот на 2023 година.

Поврзани вести

Оптичките кабли на „Гугл“ на дното на океанот помагаат во откривање на земјотреси и цунами

Влатко Зорба

AnTuTu листа на 10-те најбрзи Android смартфони во март 2020 година

msp-admin

Продажбата на Mac Pro започнува во декември

msp-admin