СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Најголемиот „рудник“ на Биткоин планира ИПО од 500 милиони долари

Northern Data AG преговара со Credit Suisse Group AG за излегување на берзата, објави „Блумберг“ повикувајќи се на извори запознати со ова прашање. Компанијата со седиште во Франкфурт, наводно, може да собере капитал проценет на дури 500 милиони долари.

Northern Data развива и управува со инфраструктурни решенија со фокус на компјутери со високи перформанси. Овие вклучуваат области како што се „копање“ на биткоин, блокчејн, Интернет на нештата, вештачка интелигенција (ВИ) и анализа на големи податоци.

Најголемиот објект на компанијата се наоѓа во Рокдејл, Тексас и тврди дека е најголемиот „рудник“ за биткоин во светот. Ова е резултат на спојување со Whinstone US, Inc. со седиште во Луизијана. во ноември 2019 година

Акциите на Northern Data тргуваат на OTC пазарот преку Xetra Deutsche Börse од 2015 година. Компанијата е поддржана од голем број реномирани акционери, вклучително и Block.One, основачот Брендан Блумер и Мајк Новограц од Galaxy Digital.

Извори на „Блумберг“ изјавија дека потенцијалното ИПО на американската берза може да се случи подоцна оваа година и да ја зголеми базата на акционери на компанијата, со цел да го зајакне нејзиниот глобален профил. Засега не се познати други детали.

Како што објави „Декрипт“, минатата година Northern Data се здружи со вториот по големина светски „копач“ на биткоини: Canaan Inc. Двете компании имаат намера да работат заедно во области како што се блокчејн и развој на вештачка интелигенција, како и работење на центри за податоци.

Поврзани вести

Кина го тестира дигиталниот јуан во Пекинг

Влатко Зорба

RippleNet бележи рекорден обем на трансакции во 2020 година

Влатко Зорба

Кубан: Криптовалутите ќе го променат начинот на работа на повеќето бизниси

Влатко Зорба