СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Лондон го надмина Њујорк како град со најголема концентрација на милионери на планетата

Лондон го надмина Њујорк како град со најголема концентрација на милионери на планетата, објави лондонски „Гардијан“.

Дури 875.000 жители на Лондон, или околу еден од десет жители на главниот град на Велика Британија, поседуваат најмалку еден милион американски долари (820 илјади евра) – преку сопственост на недвижен имот, акции, деловни активности или банкарска сметка.

Од друга страна, дури два и пол милиони луѓе во Лондон, или 28 проценти, се класифицирани како „население кое живее во сиромаштија“.

За споредба, 820.000 милионери живеат во најголемиот град во САД, Њујорк.

Просечната цена на една куќа во Лондон е дури 598 илјади евра. Токму оваа висока вредност на недвижен имот е причината што многу долгорочни сопственици се класифицираат како милионери.

Поврзани вести

ФИТР: 203 стартапи продолжуваат во следна фаза на јавниот повик Стартапувај 2

msp-admin

Колку извезуваме, а колку увезуваме од Германија, Британија и Србија?

msp-admin

Девизните резерви во октомври повисоки за 60,7 милиони евра

msp-admin