СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Сагата со „Gamestop“ продолжува: Акциите повторно се зголемија – за над 100 проценти

„Gamestop“ расте … повторно. И тоа многу.

Пред да се затвори пазарот вчера, малопродавачот на видео игри го започна својот подем и на крајот на денот, неговите акции вредеа 91,71 долари – зголемување од скоро 104 проценти за тој ден.

Ова е исто така највисока цена на акцијата од падот на вредноста на почетокот на месецот, со дури 483 долари по акција. Во текот на попладнето, тргувањето со акции беше стопирано двапати.

Не е целосно јасно што се случува тука, но една група слави – Reddit заедницата WallStreetBets. Тие се возбудени за резултатите и, како што веруваат, доказот дека ова „возење со ролеркостер“ сè уште не е завршено.

Многу настани можат да бидат одговорни за овој раст. На пример, Кит Гил, познат на Интернет како „Roaring Kitty“, сведочеше минатата недела на сослушувањето во Комитетот за финансиски услуги каде се претстави како инвеститор na кој едноставно му се допаднале акциите. Кон крајот на минатата недела, Гил го удвои својот удел во GME на 100.000 акции, кои тогаш вредеа околу четири милиони долари, како што објави Волстрит журнал.

Сепак, ова не е единствениот фактор што може да го објасни заживувањето на акциите на „Gamestop“. Имено, поранешниот финансиски директор на оваа компанија, Џим Бел, објави дека се повлекува од таа позиција, а како што пренесува Инсајдер, одборот на директори „изгубил верба“ во извршните директори. Ова може да влијае на растот на ентузијазмот на инвеститорите.

Поврзани вести

Гејтс против укинување на ограничувањата за патенти на вакцините против корона (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Mеѓународна конференција „Жени во индустријата“

msp-admin

Балканот би можел да биде еден од победниците во пост-ковид ерата

msp-admin