СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Жито Лукс: Оперативната добивка зголемена за 118%

Во периодот јануари-декември 2020 година, Жито Лукс АД Скопје ја претвори загубата од работењето во 2019, во профит, соопштија од компанијата.

Добивката пред одданочување за 2020 година изнесува 8.5 милиони денари што претставува зголемување за 16.9 милиони денари споредбено со истиот период лани. Оперативната добивка е зголемена за 118%, додека бруто профитната маржа е подобрена за 0.3 процентни поени.

Приходите од продажба во 2020 година, изнесуваат 1.089.912 илјади денари. Споредбено со истиот период минатата година има намалување на приходите од продажба на домашен пазар за 2%, додека приходите од продажба на странски пазар бележат зголемување за 6%.

Останатите оперативни приходи се пониски споредбено со минатата година за 48%, како резултат на еднократен ефект од продадени нетековни средства во 2019 година.

Компанијата оваа година има пониска кредитна изложеност споредбено со минатата година и успеа да ги намали расходите за камати за 20% или 4 милиони денари.

Поврзани вести

Богатството на Илон Маск надмина 100 милијарди долари

Коронавирусот во Италија закана за македонската чевларска индустрија

Берта Китинска

Каде одат донираните средства од веб-платформата solidarnost.gov.mk?