СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Тојота Јарис е Европски автомобил за 2021 година

Целосно новата Тојота Јарис е прогласена за Европски автомобил за 2021 година.

Со избирање на жири од 59 автомобилски новинари од цела Европа, четвртата генерација Јарис ја доби оваа награда 21 година откако иновативната прва генерација беше прогласена за европски автомобил на годината во 2000 година, прв пат за Тојота. Ова жири ја разгледуваше и секоја генерација на Јарис, па овој модел беше редовно во потесниот избор.

Жирито ја пофали хибридната технологија на Јарис за непречено возење, ниски емисии на штетни гасови и прифатлива цена – што објаснува зошто над 80% од корисниците на Јарис избираат хибриден погонски систем. Јарис исто така доби признанија за дизајнот, динамичните перформанси и супериорната безбедност.

Покрај тоа, жирито на Европскиот автомобил на годината особено го пофали успехот на Тојота во будењето страст за моќни мали автомобили низ цела Европа, со претставувањето на GR Yaris.

Наградата Европски автомобил на годината за 2021 година се доделува само неколку дена откако Јарис беше прогласен за најпродаван автомобил во Европа, за прв пат, јасен знак дека европските купувачи се согласуваат со жирито на Европски автомобил на годината!

Поврзани вести

Најскапиот развод во историјата: Што ќе поделат Бил и Мелинда Гејтс?

WhatsApp сепак реши да споделува податоци за корисниците

Влатко Зорба

„ToMontenegro“ „полетува“ во февруари?

Влатко Зорба