СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

40% од високо-образованите Македонци живеат и работат во странство!

Незапирлив тренд на одлив на високо-образован кадар од земјава. Во 2010 та година, според проценките на Светска банка 29,1% од високо образованите луѓе во земјава заминале да живеат или работат во странство.

Девет години подоцна состојбата е драстично влошена, пишува Порталб.

„Според последните податоци и издадената анализа во 2019 та година стапката на високо-образован кадар што живее и работи во странство е особено висока и изнесува скоро 40% или повеќе од една третина од високообразованиот кадар” – нотира анализата „Владино планирање – ефективност на владините мерки за справување со ризиците на пазарот на труд и начинот на планирање на средствата за надминувување на истите” на државните ревизори.

Поврзани вести

Бесими: Планирањето на капиталните инвестиции ќе се зајакне, а воедно и нивното следење

Извршени вкупно 2 895 вонредни инспекциски надзори во периодот од 12 до 18 мај

Бектеши: Приоритетна цел во претседавањето со ЦЕФТА ќе биде отстранувањето на пречките во трговијата

Влатко Зорба