СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ГТЦ со загуба од 40.626.000 денари

Градски трговски центар (ГТЦ) минатата година работеше со загуба од 40.626.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза. Една година претходно, загубата на ГТЦ беше 34.349.000 денари.

„Остварен е негативен финансиски резултат во износ од 40.626.000 денари. Финансискиот резултат е последица од настанатата криза предизвикана од коронавирусот“, стои во Образложението кон финансискиот резултат.

Во 12-месечното работење во 2020 година, како што се наведува во Образложението, компанијата оствари вкупни приходи од 206.534.000 денари кои се помали за 8% во однос на претходната 2019 година, а вкупните трошоци изнесуваат 247.160.000 денари кои се помали за 4% во однос на претходната 2019 година.

Поврзани вести

Франција реализира 100 милијарди долари извоз во исламските земји

Stefanija Kuzmanovska

Асоцијација за е-трговија: Лажни се тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека ФИТР ја подржал „Дигитални услуги за сите” заради министерката Ангеловска

Дизни планира да отпушти 32.000 работници

Берта Китинска