СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

С.Македонија најдобра во регионот според Индексот на економски слободи на „Херитиџ“

Економијата на Северна Македонија, според степенот на економски слободи, е најдобра во регионот, се вели во извештајот за 2021 година на „Херитиџ“ фондацијата.

Според индексот на почитуваната американска фондација, нашата економијае на 46-то место во светот.

Од земјите во регионот, Словенија е 48-ма, и Србија е 54-та, Косово е на 58-ма позиција, Хрватска е на 79-то место,додека БиХ се најлоши според економските слободи и се на 82 место.

Резултатот за економски слободи на Северна Македонија е 68,6, што е доволно економијата да се рангира на 46-то место на листата за 2021 година. Вкупниот резултат е намален за 0,9 поени, пред се, според „Херитиџ“, поради „падот на слободата на трговијата“.

Северна Македонија е рангирана на 27-то место меѓу 45 земји во регионот на Европа, а вкупниот резултат е под регионалниот, но над светскиот просек.

„Рангирањето на Северна Македонија спаѓа во категоријата „умерено слободна“ оваа година. За да се сврти курсот кон поголема економска слобода, првиот приоритет на владата треба да биде реформа на судството, скапиот и надуен јавен сектор и други државни институции. Постигнувањето на друга цел, како промовирање на странски директни инвестиции во извозно ориентирани индустрии, ќе биде поттикнато со посилно спроведување на антикорупциските статути“, велат од „Херитиџ“.

Поврзани вести

Битиќи: За 2,5 години ја покачивме минималната плата за 5.500 денари

Халкбанк со инвестиција над 25.000 евра за поддршка на угостителскиот сектор

Берта Китинска

Раководството на „Боинг“ размислува за намалување на работната сила за 10 отсто