СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„United Media“ го презема весникот „Данас“

„United Media“, водечката медиумска компанија во Југоисточна Европа, стана новиот сопственик на дневниот весник и порталот „Данас“.

По одобрувањето на надлежните регулаторни тела, компанијата доби одобрение да го преземе „Данас“, дневен весник, кој се издава од 1997 година. Ова е прво печатено издание од Србија што е вклучено во портфолиото на компанијата „United Media“, во чии рамки работат 45 телевизии, од кои пет имаат национална фреквенција, 15 портали, како и списанија и радио станици.

„Весникот Данас ги издржа сите притисоци повеќе од две децении во Србија и е пример за континуирано професионално и независно новинарство. Исклучително ми е драго што станаа дел од компанијата „United Media“, во чии рамки се телевизиите и порталите „Н1“ и „Нова“ кои веќе работат во Србија. Во тешки и предизвикувачки времиња, како што се случува денес, вистинското и навремено информирање на граѓаните е од клучна важност, а тоа е основниот мотив по кој се водат сите наши медиуми. „Данас“ ќе продолжи да биде она на што се навикнати граѓаните – весник во кој можат да ги читаат најважните вести, весник што прави теми, поставува прашања, ја анализира ситуацијата, отвора простор за цивилизиран дијалог, медиум кој ги почитува највисоките стандарди на професијата и не е предмет на сензационализам. Ќе продолжиме да ги негуваме овие вредности и ќе ги развиваме и печатеното издание и веб-страницата „Данас“ и ќе се потрудиме да овозможиме ваква квалитетна содржина да достигне до најширока можна читателска публика“, рече извршната директорка на „United Media“, Александра Суботиќ.

Поврзани вести

Римац се сели

Влатко Зорба

Кина го лансираше првиот 6G сателит

msp-admin

Цените на нафтата достигнаа највисоки нивоа во последната година

Влатко Зорба