СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Биткоин „гравитира“ околу 58.000 долари во очекување на нов рекорд

Најпопуларната криптовалута Биткоин вчера се приближи на рекордот од 58.332 долари, додека и денес не престанува да изненадува со достигнатата сума.

Биткоин достигна вредност од 57.450 долари утрово според платформата „Коиндеск“.

Некои аналитичари очекуваат дека биткоинот ќе ја сруши границата од 60.000 долари за прв пат во историјата.

Овој пат, инвеститорите инвестираат во биткоин главно за да се заштитат од очекуваната инфлација во иднина, и покрај фактот дека сè уште нема причина за прекумерна загриженост за зголемувањето на цените.

Охрабрувачките информации за големиот интерес на клиентите на „Голдман Сакс“ за најпопуларната криптовалута секако придонесоа за растот на биткоинот.

Во очите на инвеститорите, биткоинот сега е како злато во дигитална форма – заштита од сите неволји што неизбежно ќе предизвикаат големо печатење пари во режија на централните банки, односно пред се висока инфлација и девалвација на класичните валути. Бидејќи цените на златото паѓаат благо неколку месеци, се повеќе станува јасно дека биткоинот навистина ја презеде својата улога во многу од портфолијата на големите играчи.

И покрај високата цена, големите инвеститори не престануваат да инвестираат во паричката. Најновата информација е дека компанијата за деловна анализа „MicroStrategy“ купила дополнителен пакет биткоини во вредност од 15 милиони долари.

Поврзани вести

Coinbase регистрираше 114,9 милиони акции пред листингот на Nasdaq

Влатко Зорба

Врвните светски универзитети купуваат криптовалути

Влатко Зорба

Ethereum се тргува за над 800 американски долари

Влатко Зорба