20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Римац се сели

Мате Римац ја преместува својата компанија на нов простор поради големиот раст и се повеќе вработени, објави на својот Фејсбук профил.

На почетокот на овој месец беше објавено дека Порше дополнително ги зголемил своите инвестиции во „Римац аутомобил“ од 70 милиони евра, со што го зголеми својот удел во компанијата на 24 проценти. Најновата инвестиција ја зајакнува позицијата на Римац како компанија специјализирана за развој на технологија и производство на клучни системи за пазарот со електрични возила со високи перформанси.

Од првата инвестиција на Порше во 2018 година, тимот на „Римац“ двојно се зголеми на речиси 1.000 вработени, пренесува „Пословни дневник“.

Римац во својот статус на Фејсбук напиша дека неговата компанија со години се бори со просторот и дека тие се расфрлани на десет локации. Долгорочно решение за тој проблем е изградба на кампус, но додека не се заврши тоа, компанијата ќе работи од нов простор, а тоа е поранешниот „Певец“ во Јанкомир. Тоа е простор од 25.000 квадратни метри.

Проектот за кампусот со сите детали ќе го објави Римац во следните неколку недели, напишано е на Фејсбук.

Поврзани вести

САД паднаа на второ место, Сингапур е најконкурентна економија во светот

msp-admin

Битиќи: Ќе се кратат работните места во јавната администрација

Берта Китинска

Акциите на Apple паѓаат по информациите откриени од Ворен Бафет

Влатко Зорба