Стандард
КОМПАНИИ

Започна глобалниот натпревар Huawei Next Design Awards 2021, дефинирајќи ја естетиката на иднината

На овогодинешното издание на натпреварот ќе бидат доделени награди во вкупна вредност од 200.000 американски долари

Глобалните Huawei Next Design Awards официјално започнаа на 31 мај, предизвикувајќи ја глобалната заедница на визуелни уметници и дизајнери да ја покажат и споделат својата креативност. Домаќин на натпреварот е HUAWEI Themes под мотото “Let your inspiration flow”.

Традиционално, Huawei Next Design Awards ги привлекува најсмелите и најдобрите дизајнери ширум светот. Во 2020 година забележаа 41.000 записи од 90 земји и региони, а повеќе од 100 дизајнери беа сертифицирани за HUAWEI Themes, што придонесува за нивниот одржлив комерцијален успех.

Оваа година натпреварот опфаќа 7 категории – Phone Themes, Watch Faces, Cities in Bloom, Foldable Screen Themes, Enjoy the Moment, Original IP и Wallpapers. Категоријата Phone Themes се фокусира на елементи од интерфејс на мобилниот телефон, како што се почетниот екран, екранот при заклучување на телефонот и иконите.

Особено интересна е категоријата Watch Faces, која е отворена за учество од 2 јуни – заедно со глобалната премиера на новата серија паметни часовници HUAWEI WATCH 3. Оваа категорија се фокусира на дизајнот на ликот и ремените, нагласувајќи ја креативноста и персонализирањето. Како што паметните часовници добиваат популарност, така растат и заедниците посветени на дизајнирање изглед за нив. Секој сопственик на Huawei паметен часовник може да се изрази преку неверојатните дизајни достапни од апликацијата Themes. Или да започне да ја монетизира работата со помош на Huawei.

Enjoy the Moment е категорија што обединува неколку индустрии, лансирани од Huawei и Pizza Hut. Ги охрабрува дизајнерите да експериментираат со оригинални идеи за пакување храна.

Награден фонд од 200.000 долари

На овогодинешното издание на натпреварот ќе бидат доделени награди во вкупен износ од 200.000 американски долари, вклучително и на добитниците на Grand Prize, Stars of Tomorrow, International Artists, и Amazing Animators. Големиот добитник, носител на Grand Prize, ќе добие награди во вкупен износ од 20.000 долари, од кои 10.000 во готово и 10.000 во грантови, паметен телефон HUAWEI Mate 40 и еден од најновите паметни часовници на Huawei.

Победниците ќе бидат признаени како HUAWEI Themes-сертифицирани дизајнери и како такви ќе имаат право да ја објавуваат својата работа и да добиваат приходи од HUAWEI Themes. Од 31 март 2021 година, апликацијата HUAWEI Themes е достапна во над 170 земји и региони и има корисничка база од 600 милиони ширум светот, со импресивни 120 милиони активни корисници месечно. HUAWEI Themes помагаат во градењето креативна заедница со повеќе од 6.000 уметници, од кои стотици заработуваат повеќе од 500.000 долари годишно од својата работа.

Денешните потрошувачи бараат персонализирани дизајни за да го изразат своето расположение, стил и индивидуалност. Темите на смартфонот и часовникот се новиот естетски маркер, а Huawei Next Design Awards 2021 ја отелотворуваат оваа нова реалност, каде што трендовите во дизајнот достигнуваат стотици милиони корисници, а имагинацијата не е ограничена на молив, бои и хартија.

Повеќе информации за Huawei Next Design Awards 2021 можете да најдете на линкот: https://themes.cloud.huawei.com/theme-design-2021/index.html

Поврзани вести

Ralph Lauren ќе произведува медицински маски и наметки, донира и 10 милиони долари

msp-admin

PwC: 10 земји кои ќе бидат светски велесили во следните 30 години

Влатко Зорба

Apple ја надмина вредноста на 100-те највредни британски компании

msp-admin