СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Google донесе радикална одлука: Дали засекогаш ја менува индустријата за дигитално рекламирање?

Google планира да престане со продажба на реклами засновани врз индивидуални пребарувања на повеќе веб-страници, што може да го забрза пресвртот во индустријата за дигитално рекламирање.

Alphabet Inc., матичната компанија на Google, изјави дека од 2022 година планира да престане да инвестира во технологии за следење, кои уникатно ги идентификуваат корисниците на мрежата додека пребаруваат (сурфаат).

Одлуката на најголемата светска компанија за дигитално рекламирање може да и помогне на индустријата да се ослободи од употребата на „индивидуално следење“, кое има се повеќе критичари, поради нарушување на приватноста.

Кога Google ќе одлучи за вакво нешто, тогаш тоa сигурно има тежина, пишува WSJ. Значи, конкурентите би можеле да ја разгледаат и таа опција, со цел да се натпреваруваат достоинствено на пазарната конкуренција.

Многу компании денес се потпираат на „следење“ на поединци на Интернет, со цел да го прилагодат поставувањето реклами, односно да понудат што „одговара“ на афинитетите на корисникот, врз основа на неговите пребарувања.

Google учествуваше со 52% во глобалното трошење на дигитални реклами минатата година, од 292 милијарди долари, според консултантската фирма „Jounce Media“. Таканаречените „колачиња од трети страни“ треба да бидат укинати следната година.

Но, тоа не значи дека Google ќе гради алтернативни технологии за следење или ќе ги користи оние развиени од други за да ги заменат колачињата. Наместо тоа, неговите алатки за купување реклами ќе се засноваат на технологии кои „ја штитат приватноста“.

Затоа, рекламите ќе бидат насочени без собирање информации за поединци од повеќе веб-страници. Една таква технологија ги анализира навиките на пребарување на корисниците на нивните сопствени уреди и им овозможува на огласувачите да целат слични групи или луѓе со исти / слични интереси.

Тестирањето на оваа технологија треба да започне во вториот квартал. Треба да знаете дека околу 40% од парите што одат од огласувачи до издавачи на отворен интернет – што вклучува дел од дигитално рекламирање надвор од затворени системи како што се пребарување на Google, YouTube или Facebook – одат преку алатките на Google за купување реклами.

Во исто време, регулаторите за приватност на ЕУ поднесоа неколку поплаки за информации споделени од веб-страниците со трети страни.

Поврзани вести

Finance Think: Субвенција од 14.500 денари за компаниите помогнала за сочувување на околу 60 илјади работни места

msp-admin

Apple го надмина Aramco и стана најпрофитабилната компанија во светот

Влатко Зорба

ОКТА ја инсталираше петтата фотоволтаична централа поставена на фабриката „Мода“ во Свети Николе (ВИДЕО)

msp-admin