Секојдневието наметнува многу грижи, поседувањето материјални добра ни го олеснува животот но и ни ја зголемува свесноста за растечката потреба од разни неопходности во секојдневието. Да се обезбедиме со стан, куќа, автомобил, разни апарати во домот и што уште не, ни стана главната преокупација, затоа што во модерниот начин на живот поседувањето на овие предмети стана императив. Се обезбедуваме со сето она што ни го олеснува секојдневието, без да размислиме за вредноста на овие предмети и нивната минливост. Затоа, грижата и заштитата на имотот, домаќинството и на здравјето започнува со осигурувањето.
Зошто осигурување, затоа што се случуваат многу непредвидливи работи што можат да се одразат врз нашиот живот и без осигурување на имот, автомобил, домаќинство, тоа може да доведе до уште поголема финансиска штета. Со осигурувањето го заштитуваме своето здравје, покривот над главата и сето она што има вредност за нас. Со обезбедување осигурителна полиса му даваме и дополнителна вредност. Подобра и поквалитетна здравствена услуга, заштита од несреќи при патување, нашиот дом, автомобилот, сè можеме да осигураме и со тоа да бидеме подготвени за секакви можни сценарија.
За поцелосно или пак конкретно насочено осигурување Кроациа нуди различни пакети за домаќинско осигурување, согласно расположливиот буџет и потребите. Со осигурителните полиси во зависност од потребите, опфатен е широк опсег ризици и тоа од пожар, удар од гром, експлозија, град, излевање вода, удар на сопствено моторно возило во осигурени предмети, кражба, поплава, снежна лавина, лизгање и одронување, вандализам, кршење стакла за застаклени балкони, кршење санитарии, трошоци за принудна селидба, трошоци за изработка на уништени документи. Дополнително може да се вклучи осигурување на членовите на семејството од незгода и осигурување од земјотрес, кое Кроациа Осигурување го нуди во соработка со Европа Ре Швајцарија.
Како најповолни, кои уште на сам почеток откако се достапни, граѓаните ги препознаа како квалитетни и најчесто ги бараат се трите пакети – CRO START, CRO SMART и CRO SUPERIOR. Поволноста кај нив е тоа што претставуваат комбинација од различни видови осигурувања, па така секој може да најде најповолен пакет за сопствените потреби. Со нив е опфатено домаќинското осигурување, осигурување на патнички возила, осигурување од незгода, како и здравствено осигурување. Примамливоста на овие пакети доаѓа и од гратис производи или попусти што се од голема заштеда за купувачот.
Секој нов ден, носи нови радости но исто така и неизвесност, а случувањата последнава година и насекаде околу нас, само ни го потврдуваат тоа. Дали сме целосно заштитени од идните случувања, дали сме обезбедени од она што може да се случи? Иднината не мора да биде толку неизвесна, односно сите предизвици и изненадни случувања можеме да ги дочекаме без стресови и подготвени. Можеме да се обезбедиме и заштитиме себеси и сето она што има вредност за нас, само ако се осигураме себе или материјалните добра.