СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Лего“ веќе не сака пластични коцки

Данската компанија „Лего“ издвои 400 милиони долари со цел во следните десет години целосно да премине на еколошка варијанта на своите производи. Откако минатата година беше прифатена иницијативата дека „Лего“ повеќе не треба да се пакува во пластични кеси, сега одиме чекор понатаму, што ќе им овозможи на децата да не си играат со пластични коцки, туку со оние изработени од еколошки материјали.

За почеток, „Лего“ ќе се откаже од пластично пакување. Тестовите во моментов се прават со нови материјали. После тоа, доаѓа време за големи промени кои се однесуваат на самите коцки, кои денес се произведуваат од материјали на база на нафта, односно од суровини кои не се еколошки. Според сегашниот план, пластичните коцки ќе бидат напуштени најдоцна до 2030 година. Иако сè е во експериментална фаза, се претпоставува дека коцките ќе бидат направени од материјал изработен од шеќерна трска.

Патем, најпознатиот светски производител на играчки ја заврши минатата година со одлични деловни резултати. Приходите се зголемија за 19 проценти или 9,9 милијарди долари, додека продажбата се зголеми за 13 проценти.

Поврзани вести

Kia го претстави својот прв електричен кросовер

Влатко Зорба

АСОМ: Согласно новите мерки за заштита од Ковид-19, нема да нудиме угостителски услуги во нашите објекти по 23 часот

msp-admin

Ковачевски: Енергетската трансформација на РЕК „Битола“ не може да се направи преку ноќ

msp-admin