СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

ОПЕК+ договори намалување на производството на нафта од мај

Групата ОПЕК+ денес се согласи да започне постепено олеснување на ограничувањата на производството од мај, пренесе Ројтерс повикувајќи се на извори од тој нафтен сојуз.

Организацијата на земјите извознички на нафта и нејзините сојузници, неформален сојуз наречен ОПЕК +, се согласија да го ублажат ограничувањето на пумпањето за 350.000 барели на ден (BPD) во мај, потоа за уште 350.000 барели на ден во јуни и дополнителни 400.000 BPD во јули.

Засега е непознато дали Саудиска Арабија ќе го ублажи своето доброволно намалување на производството од еден милион барели дневно, што го изврши покрај ограничувањето на предвидените договори ОПЕК +. Извори на Ројтерс велат дека Ријад продолжува да ја разгледува својата позиција.

Според денешниот договор, намалувањето на производството на нафта ОПЕК + ќе изнесува околу 6,5 милиони барели дневно од мај, во споредба со границата на испумпување од нешто помалку од 7,0 милиони барели на ден во април.

Казахстан потврди дека ќе произведува повеќе нафта во мај и јуни, но без да даде детали за распределбата на квотите во рамките на групата.

Пред денешниот состанок на ОПЕК +, Џенифер Гранхолм, новиот американски секретар за енергија, телефонски разговараше со саудискиот министер за енергетика принцот Абдулазиз Бин Салман, по што таа напиша на Твитер: „Ја потврдивме важноста на меѓународната соработка за да им обезбедиме на потрошувачите достапни и сигурни извори на енергија“.

Северноморската нафта Брент се лизна по објавувањето на договорот ОПЕК +, но се уште се тргува по цена над 62 долари за барел, што е сè уште над 20 проценти над нивото на почетокот на годината и не е далеку од овогодинешниот максимум од околу 71 долар за барел.

Неколку дена пред денешниот состанок, претставниците на земјите во групата ОПЕК + објавија дека постојните ограничувања на пумпањето најверојатно ќе се задржат, со оглед на неизвесностите поврзани со движењето на побарувачката како резултат на обновување на блокадата во многу земји, поради нов бран на коронавирус.

Сепак, само 24 часа пред почетокот на состанокот, разговорите се свртеа кон можно зголемување на производството, според изворите на британската агенција.

Саудискиот принц Бин Салман на отворањето на состанокот рече дека групата треба да остане со „претпазлив став“, додека рускиот вицепремиер Александар Новак изрази пооптимистички став, наведувајќи дека глобалната економија закрепнува и дека побарувачката за гориво расте, додава Ројтерс.

Поврзани вести

Huawei може да ја заврши годината со испорачани 230 милиони смартфони

msp-admin

Гејтс: Потценувањето на Елон Маск не е добра идеја

Влатко Зорба

Младите „бегаат“ од кредитни картички

Влатко Зорба