СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Мајкрософт“ тајно отвори центар за развој на чипови во Израел

Американскиот технолошки гигант „Мајкрософт“ тајно отвори центар за развој на чипови во својата филијала во Израел.

Новиот центар ги проширува своите активности со регрутирање на нови инженери за чипови. Проектот започна пред околу година и пол, но неговото постоење досега не е објавено, пишува израелски „Харец“.

Чиповите што „Мајкрософт“ ќе ги развива во Израел се наменети за забрзување на мрежите во центрите за податоци, со кои управува облак-услугата „Азур“ на компанијата, според израелскиот весник.

Пред околу година и пол, „Мајкрософт“ отвори нови деловни простории во Хаифа, со цел развој на тие чипови. Новиот оддел вработува инженери за софтвер и хардвер кои претходно работеле во „Интел“, „ИБМ“, „Епл“ и „Броадком“. Главниот фокус на новиот оддел е вмрежување и складирање на податоци.

Според „Харец“, другите високотехнолошки компании ги зголемија инвестициите во производство на чипови во Израел, кој во моментов се смета за главен центар во областа на чиповите воопшто, односно чиповите наменети за вмрежување.

Во март, „Гугл“ отвори нов центар за развој на чипови во Израел, кој ќе го води Ури Франк, поранешен висок функционер на „Интел“.

„Мајкрософт“, како и другите технолошки компании како „Епл“, „Гугл“, „Амазон“ и „Фејсбук“, се обидуваат да развијат свои чипови за фармите на сервери и да престанат да ги набавуваат од други компании, како што е „Интел“.

Поврзани вести

Трамп: Нема да го продолжам рокот за продажба на ТикТок

msp-admin

Грција шампион во ОИЕ на Балканот во изминатата година

Влатко Зорба

Најголемиот хеџ-фонд во светот ставил облог дека ќе има нова светска економска криза

msp-admin