СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Рендери за OnePlus Nord N1 покажуваат помал редизајн во споредба со сегашниот N10

Наследникот на Nord N10 може да се нарече OnePlus Nord N1 (наводно кодното име на уредот е Ebba). Нема премногу детали за телефонот, но затоа OnLeaks ни овозможи 3D рендери и некои дополнителни информации за телефонот.

OnePlus Nord N1 ќе има метална рамка и веројатно пластичен заден дел. Димензиите на уредот се 162,9 x 74,7 x 8,4 mm (дебелината оди до 10,3 mm ако се земе предвид испакнатоста за камерите).

Рамниот панел од 6,49 инчи има една дупка во горниот лев агол. Нема информации за стапката на освежување или други подобрувања што може да ги имплементира екранот.

Најголемата промена во споредба со N10 се очекува на задната страна. На фотографиите се прикажани само три камери (споредено со четири кај моделот N10). Се очекува широк и ултра-широк сензор, додека третата камера засега е мистерија.

Поврзани вести

Ковид-пасоши засновани на блокчеин се издаваат во Њујорк

Влатко Зорба

Словенечка паметна куќа за птици привлече инвестиција од 4,2 милиони евра

Влатко Зорба

Поради грешките во iOS 13, Apple го менува начинот на кој го тестира софтверот

msp-admin