СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Нова опасна ИЗМАМА во WhatsApp: Неофицијални сметки на апликацијата бараат 6-цифрен код

Покрај сегашните проблеми со напуштање од голем број на корисници, низ кои минуваше последните месеци поради новите правила за приватност, WhatsApp претходно беше многу плодна почва за разни измами.

Една од причините за тоа е фактот што луѓето честопати не ги читаат пораките до крај, но и не обрнуваат внимание од кого стигнала пораката.

Ова е означено со најновата серија измами што може да ја загрозат безбедноста и приватноста на многумина, а се шири во пораките чии испраќачи се WhatsApp Support или WhatsApp.

Во пораката се наведува дека корисникот мора „да докаже дека е човек испраќајќи го кодот што претходно го добил од WhatsApp, или сметката ќе се деактивира еден ден подоцна“, предупредува WABetaInfo.

Сајтот, кој внимателно ги следи сите случувања поврзани со WhatsApp, објави на својот профил на Твитер дека популарната апликација за пораки не испраќа никакви информации до корисниците за обновување на сметката.

– Блокирајте ги и пријавете ги сите неофицијални сметки на WhatsApp кои од вас бараат 6-цифрен код. WhatsApp Support и WhatsApp никогаш нема да ве прашаат за 6-цифрен код! – посочува WABetaInfo во своето предупредување, пренесува Zimo.

Корисниците на WhatsApp кои добиваат такви пораки се препорачува веднаш да ги избришат. Може да овозможите и автентикација во два чекора, за секој случај.

Поврзани вести

Вештачка интелигенција ќе „лови“ опасни датотеки во Gmail

msp-admin

Роботите спасуваат бизниси во услови на коронавирус

msp-admin

Microsoft на 13 април ќе започне со бришење на постарите верзии на Edge од Windows уредите

Влатко Зорба