Според „Форбс“, сајбер криминалци ги нападнале компјутерите што ги користеле вработените во технолошката компанија „Acer“, барајќи откуп од дури 100 милиони долари со цел да ги дешифрираат уредите и да ги вратат сите податоци.
Неофицијално, ако Acer се согласи да плати откуп веднаш, хакерите ќе бидат задоволни со 50 милиони долари, или половина од првично побараната сума.
Компанијата не даде официјална изјава за да го потврди нападот, но се наведува дека тие пријавиле „необична ситуација“ кај властите.
Доколку Acer се согласи да ги плати овие 50 милиони долари, тоа ќе биде највисокиот откуп за компјутерски криминал досега, а претходниот неславен рекорд го „држи“ компанијата Dairy Farm, за која се бараа дури 30 милиони.
Да потсетиме, неодамна, студиото за игри CD Projekt Red беше мета на сајбер-криминалци, a сето тоа кулминираше со продажба на изворниот код за Cyberpunk 2077 i во исто време ажурирањето беше одложено.