Мате Римац отвора оддел за развој во Велика Британија каде што ќе sorabotuva со британската автомобилска индустрија. Новиот оддел за развој, сместен во Warwick Enterprise Park, близу Бирмингем на половина пат меѓу Манчестер и Лондон, ќе вработи 30 лица до крајот на оваа година.
Објавата за отворање на новиот центар за развој беше објавена за време на посетата на Грег Хендс, министерот за трговија на Велика Британија, во седиштето на „Римац Автомобили“. Имено, Хандс го посети хрватскиот производител на хипер електрични автомобили како дел од работното патување во Хрватска и Словенија.
Мате Римац, основач и извршен директор на „Римац Автомобили“, рече дека ова не менува ништо во понатамошниот развој на компанијата во Хрватска.
„Иако Хрватска секогаш ќе биде наш дом, решивме да ја искористиме можноста и да собереме мал тим во Велика Британија, каде автомобилската индустрија има долга историја и високо ниво на експертиза“, вели Римац.
Тој наведува дека во Велика Британија, неговиот нов тим ќе соработува со локалната автомобилска индустрија, но и со седиштето на компанијата во Хрватска. Тој исто така потсети дека компанијата во моментов вработува скоро илјада луѓе и дека таа продолжува да се шири. Планот на Римац е компанијата да има над две илјади вработени. Тој наведува дека се одлучил за Велика Британија, затоа што верува дека британските инженери се од прва класа во новите технологии за електрификација на возилата и идната мобилност.
„Иако започнуваме со мала канцеларија, би можеле значително да се прошириме во следните години, работејќи на идните проекти на Римац и тесно соработувајќи со нашиот тим инженери, дизајнери и техничари од Хрватска“, вели Мате Римац.