СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Фон дер Лејен: „АстраЗенека“ прво треба да го исполни договорот, а потоа да извезува

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен во четвртокот рече дека „АстраЗенека“ прво треба да ја исполни својата договорна обврска кон ЕУ пред да започне со извоз.

Британско-шведската фармацевтска компанија „АстраЗенека“ вети дека ќе испорача 120 милиони дози вакцини против „Ковид-19“ во ЕУ во првите три месеци, но ќе испорача само 30 милиони.

„Мислам дека таа компанија мора прво да го надомести заостанувањето, да го испочитува договорот што го има со членките на Унијата пред да започне повторно со извоз“, рече фон дер Лејен по виртуелниот самит, во кој доминираше борбата против пандемијата „Ковид-19“.

Европската комисија во средата одлучи да ги засили контролите врз извозот на вакцината, воведувајќи ги принципите на реципроцитет и пропорционалност како нови критериуми до кои производителите мораат да се придржуваат за да бидат одобрени за извоз.

Поврзани вести

Кремљ: Интересна е поканата на Маск за разговар со Путин

Влатко Зорба

Околу 305 илјади граѓани користат Домашна платежна картичка

msp-admin

Доларот изгуби скоро 7% минатата година, еврото зајакна за повеќе од 9 отсто

Влатко Зорба