СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Американски рапер лансираше патики „со човечка крв“ (ФОТО)

Еден од најпознатите американски рапери, Лил Нес Х, лансираше „сатански патики“ – модификација на познатиот модел „Nike Air Max 97“, со бронзен пентаграм, превртен крст и додаток во воздушниот ѓон – црвена точка што треба да асоцира на „една капка човечка крв“.

Патиките се модификација на патиките од 1997 година, но со ѓаволска тема – во црвена и црна боја.

Специјалните „сатански патики“, направени во серија за „само 666“ од оние кои ќе имаат „среќа“ да ги купат, чинат 1.018 американски долари.

Количината во која се произведени патиките претставува бројот на ѓаволот, додека цената е повикување на делот од Библијата, означен на патиките, а се однесува на сатаната „како паѓа како молња од небото“ (Евангелие по Лука 10:18) .

Компанијата за спортска облека „Nike“ се огради од дизајнот.

Во писмената изјава за Си-Ен-Ен, оттаму велат дека не е вклучена во создавањето на модифицираните патики, односно дека ниту ги дизајнирал, ниту објавила такво нешто.

Американските портали јавуваат дека заедницата на Твитер и фановите се шокирани и барем згрозени од новиот модел и придружната рекламна порака „подобро е да се владее во пеколот, отколку да се служи во рајот“.

Патиките привлекоа критики и од бројни високи политички и верски фигури на социјалните мрежи за време на викендот.

Некои обожаватели на раперот, во меѓувреме, објавија поддршка и желба да ги имаат патиките.

Тие се изработени во соработка со MSCHF, бренд со седиште во Бруклин, кој во 2019 година објави верзија на Nike патики исполнети со света вода наречена „Jesus Shoes“, чија цена е 4.000 долари.

Поврзани вести

Објавен списокот на најплатени спортисти за 2020 година

„Трето око“: Решение за оние кои не можат да го тргнат погледот од мобилниот телефон (видео)

Влатко Зорба

Новинар: Маск има нереална претстава за колонизацијата на Марс

Влатко Зорба