СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

BioNTech подготвен да произведе до 2,5 милијарди вакцини оваа година

Германската лабораторија BioNTech објави дека има намера оваа година да произведе 2,5 милијарди дози на вакцина против Ковид-19, развиена заедно со американската компанија Pfizer, односно 25 проценти повеќе отколку што првично беше најавено.

Производните капацитети ќе се зголемат како резултат на „оптимизација на производствениот процес“ и проширување на производствената мрежа, како и по одобрувањето да се извлечат шест дози од едно шише, наместо претходните пет, се наведува во денешното соопштение на компанијата.

До 23 март, BioNTech и нејзиниот партнер Pfizer испорачаа повеќе од 200 милиони дози на вакцина ширум светот.

Поврзани вести

Netflix со најниски приходи во последните четири години

msp-admin

Фолксваген ја одложи одлуката за изградба на фабрика во Турција

msp-admin

Забранет „ТикТок“ за „неморална“ содржина

msp-admin