СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

„Голдман Сакс“ ќе понуди на клиенти биткоин за управување со богатството

Групацијата „Голдман Сакс“ е близу до отворање на официјална понуда за инвестициски производи поврзани со биткоин и други дигитални средства на клиентите на својата приватна единица за управување со богатството.

„Тесно соработуваме со тимовите на компанијата за да истражиме начини да им понудиме внимателен и соодветен пристап на екосистемот на клиенти со приватно богатство“, рече Мери Рич, која неодамна беше именувана за шеф на глобалното одделение за дигиталните средства, во интервју на CNBC.

Во писмото до персоналот, објавувајќи го нејзиното назначување во средата, „Голдман“ рече дека Рич „ќе ги искористи можностите на компанијата за да осигури дека можеме најдобро да го исполниме интересот на клиентите во сите класи и технологии на дигитални средства“, се вели во него.

„Како компанија, веруваме во можноста за блокчејн технологии и императив е да продолжиме понатаму“, велат од банката.

„Голдман“ планира да започне да инвестира во дигитални средства во вториот квартал и планира да понуди „целосен опсег“ на такви инвестиции „или преку физички биткоин, деривати или традиционални инвестициски фондови“, изјави Рич за CNBC.

Банките на Волстрит во голема мерка ги избегнуваат криптовалутите. Иако биткоинот сега има повеќе од единаесет години, има многу малку работи што всушност можете да купите со него, а нестабилноста е голем ризик. Пред три години, „Голдман“ ангажираше крипто-трејдер за да помогне во водењето на пазарите на дигитални средства, со цел да ги запознае луѓето со компанијата, како и клиентите со криптовалути, но компанијата неодамна ја занемари идејата за биткоин како класа на средства.

Растот на биткоинот во последните неколку месеци ги заинтригира богатите инвеститори на нов начин. За време на напливот на криптовалутата во 2017 година, тие претежно останаа настрана. Многумина ја споредуваат криптовалута со манијата за лалињата. Ворен Бафет го нарече биткоинот „фатаморгана“, додека извршниот директор на ЏејПи Морган, Џејми Дајмон рече дека станува збор за „измама“ (иако подоцна изрази жалење за изјавата).

Овој пат тие влегуваат во оваа приказна, заедно со голем број инвеститори во трговијата на мало. Податоците собрани од ЏејПи Морган покажаа дека малите инвеститори купиле повеќе од 187,000 биткоини во кварталот од средината на март во споредба со приближно 205,000 во последниот квартал. Институционалните инвеститори купија околу 173.000 парчиња од најпопуларната криптовалута во светот во тој период, за разлика од скоро 307.000 во последните три месеци од 2020 година.

Поврзани вести

Најлошата недела за Биткоин од март ја намалува вербата во крипто-бумот

Влатко Зорба

Сејлор: Илјадници директори на корпорации се заинтересирани за Биткоин

Влатко Зорба

Етер забележа нов рекорд

Влатко Зорба