СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Европските автомобилски компании бараат инфраструктура за електрични автомобили

Европските производители на автомобили се подготвени значително да ги намалат емисиите на стакленички гасови до 2030 година, доколку земјите од ЕУ се посветат на изградба на станици за полнење на електрични автомобили, соопшти Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA).

За „зелена“ економија, владите на ЕУ во декември минатата година се согласија дека ќе ги намалат вкупните емисии повеќе од половина до 2030 година. За да се постигне оваа цел, Европската комисија, исто така, има намера да ги ажурира еколошките стандарди за автомобилската индустрија.

Производителите на автомобили сакаат европските регулативи за насочени емисии на јаглерод да бидат поврзани со инфраструктурните цели, се вели во соопштението на ACEA, објавено во средата.

Инфраструктурата би вклучувала станици за напојување со електрична енергија и водород.

„Огромните инвестиции на нашата индустрија во алтернативни погонски возила почнуваат да вродуваат со плод … но трендот ќе продолжи само ако владите започнат да инвестираат во инфраструктура со еднаква амбиција“, рече претседателот на ACEA и лидер на BMW, Оливер Зипсe во соопштението за јавноста.

„Затоа, какви било нови цели за емисии на СО2 од автомобилите во 2030 година мора да бидат условени од соодветно проширување на инфраструктурата“, рече Зипсe.

ЕУ исто така вети дека ќе ги намали емисиите на јаглерод на нула до 2050 година.

Поврзани вести

Uber значително поскапе

Влатко Зорба

За 7 години претворил заем од 2.000 долари во бизнис вреден 90 милиони

Влатко Зорба

И дете може да го вози новиот Citroën Ami (ВИДЕО)

msp-admin