СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

УЈП започна со доставување на Годишната даночна пријава за данок на личен доход

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека е започната активноста за генерирање и доставување на Годишна даночна пријава за утврдување на данок на личен доход за 2020 година.

„Ги повикуваме регистрираните корисници на системот „е-ПДД“ да извршат увид во Годишната даночна пријава за 2020 година преку своите кориснички профили. Граѓаните може да ја потврдат или коригираат Годишната даночна пријава за 2020 година, најдоцна до истекот на крајниот рок 31.05.2021 година“, истакнаа од Управата.

По истекот на законскиот рок на 01.06.2021 година, продолжуваат оттаму, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана, а службено ќе бидат потврдени и оние Годишни даночни пријави, кои од страна на физичко лице не се ниту потврдени, ниту коригирани.

Годишната даночна пријава за 2020 година која граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи.

Доколку службеното лице не ја одобри пријавата ќе следи донесување на Решение за утврдување на данокот на личен доход за 2020 година.

УЈП апелира до граѓаните кои оствариле приходи, а сè уште не се регистрирале на системот е-ПДД, истото да го сторат во најкраток можен рок имајќи ги во предвид бројните придобивки од користењето на системот.

Поврзани вести

Просечната исплатена нето плата во јануари 28.272 денари

Влатко Зорба

ДИТ добил 2300 пријави од граѓани, 847 се за непочитување на мерките за заштита

СДСМ: Со нас земјоделството е на прав пат, зголемена откупната цена на тутунот

Никола Поповски