Во 2020 година во работењето на Винарска визба Тиквеш АД Кавадарци не се имплементирани промени во сметководствените политики и методи на вреднување на ставките во финансиските извештаи. Вкупните приходи забележаа намалување од 10,7%, односно намалување за 193,7 мил. денари. Намалувањето на приходите се должи од намалени приходи генерирани од домашниот пазар (за 19,9%). Бруто добивката бележи намалување од 16,7%, соопштија од компанијата.
„Освен категоријата трошоци за продажба и маркетинг која бележи зголемување за 6,3 мил. денари, сите останати категории на трошоци бележат намалување. Зголемени се и останатите оперативни приходи за 11,3 мил. денари. Се оствари оперативна добивка во износ од 75,8 милиони денари или намалување за 58% споредено со 2019 година.
Остварена е Нето добивката од редовното работење пред оданочување во износ од 70,2 мил. денари или намалување за 52,9%.
Во 2020 година за работењето во 2019 година не беа исплатени дивиденди.
Во 2020 година се остварија вложувања во материјални и нематеријални средства од 73,7 мил. денари. Значителен отпис (поголем од 30% од вредноста на средствата споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи) не беше реализиран“, истакнуваат оттаму.