СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Лукаревска: 10,7% од работодавачите не исплатиле плата за февруари

Дури 10,7% од работодавачите не исплатиле плата за февруари, изјави денеска на прес конференција, директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

Според последните податоци на УЈП од април, вкупно 133 работодавачи не исплатиле плата од минатите антикризни пакети иако им била одобрена државна помош за исплата на плати. Од нив, 110 работодавачи не исплатиле плата за еден месец, 18 работодавачи за два месеца и пет работодавачи не исплатиле плата за три месеца.

Против нив, како што информира Лукаревска, се преземени сите мерки, а во соработка со Државниот инспекторат за труд извршени се и контроли.

Контроли се започнати и кај дел од компаниите каде е злоупотребена државната помош за исплата на плати за декември. За мерките кои се спроведоа преку УЈП како поддршка за стопанството досега се исплатени 135 милиони 344 илјади 918 евра. Обврската за враќање на примената финансиска поддршка е околу 20 милиони евра или 14,5 % од вкупната исплатена финансиска поддршка.

Поврзани вести

Бежоска: Гарантирам дека и во 2020 година денарот ќе биде стабилен

msp-admin

НУК: Унифицирани препораки и протоколи за работа во услови на пандемија „да“, ограничување на работното време „не“

Влатко Зорба

Генијално решение за еден од најчестите проблеми денес – скршен екран на мобилен телефон

Никола Поповски