СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Битиќи: Новата програма ја креираме заедно со граѓаните

Трибините како денешната имаат за цел токму преку непосреден контакт со граѓаните и дебата да се обидеме да одговориме на многу прашања на граѓаните на тема економија, истакна Фатмир Битиќи – претседател на Комисија за финансии на СДСМ на трибината на СДСМ Скопје „Агенда – Економија 20 – 24“,во Скопје.
Тој посочи дека кога се зборува на тема економија треба да се размислува долгорочно и секако потребен е и осврт на сето она што досега е направено со цел креирање на подобри програми и воведување на нови мерки кои имаат големо значење во градењето на општествениот живот во државата.
За да искреираш добра програма таа мора да потекнува од граѓаните затоа што се однесува на граѓаните. Затоа програмата за следниот период ја креираме сите заедно, посочи Битиќи.

Поврзани вести

Над 8.000 даночни обврзници со опомена за неплатен долг за персонален данок од вкупно 2,69 милиони евра

Влатко Зорба

Шахпаска: Вкупно 79,5 милиони евра за финансиска поддршка за вработените во компаниите

Берта Китинска

Ангеловска во посета на Општина Ѓорче Петров

Stefanija Kuzmanovska