СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈАКОМПАНИИ

Шахпаска: Вкупно 79,5 милиони евра за финансиска поддршка за вработените во компаниите

Вкупно 79,5 милиони евра за мерката финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен биле исплатени во изминатите три месеци. Во исто време одобрени биле 639 кредити за македонски омпании кои вработуваат 11325 лица, објави министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на својот фејсбук профил.

Во време кое налагаше итна реакција, пишува Шахпаска, Владата презема првично соодветни мерки за справување со негативните ефекти од светската криза.

-Првите два пакети го амортизираа првиот удар од економската криза предизвикана од коронавирусотТретиот пакет обезбеди заштита на постојните и креирање нови работни места, особено во секторите во кои ќе се имплементира дигитализацијата и возможи зголемена конкурентност на нашите компании на домашно, регионално и глобално ниво, напиша министерката.

Поврзани вести

Банките очекуваат зголемена побарувачка за кредити од компаниите

Влатко Зорба

Деспотовски: Компаниите што ги финансираме уплатиле назад во буџетот околу 3 милиони евра повеќе отколку целата програма на ФИТР за 2019 година

msp-admin

„Волстрит журнал“: Контраст на рекордниот кинески извоз и американската епидемија

msp-admin