СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Алибаба“ казнети со 2,8 милијарди долари заради монопол

Кинескиот трговски гигант „Алибаба“ е казнет со 2,8 милијарди долари поради монополско работење.

Кинеските власти ја засилуваат контролата над технолошките компании, бидејќи, според АП, кинеското политичко раководство е загрижено за доминацијата на најголемите онлајн компании кои се шират на финансискиот пазар, во областа на медицинските услуги и во другите витални индустрии.

Компанијата е казнета за „злоупотреба на својата доминантна позиција на пазарот“ со цел да ги ограничи своите активности на конкурентите кои работат преку платформата „Алибаба“.

Државната служба за контрола на бизнисот објави дека „Алибаба“ го попречува „слободниот проток на стоки“, поради што е изречена висока казна од 69,5 милијарди долари, што е еквивалентно на четири проценти од вкупниот приход остварен во 2019 година.

„Алибаба“ искрено ја прифаќа казната и во иднина ќе работи во согласност со законот“, се вели во соопштението на компанијата.

Основачот и сопственик на компанијата „Алибаба“, Џек Ма, еден од најбогатите Кинези, привремено исчезна од јавноста откако во ноември минатата година во своето обраќање ги критикуваше кинеските регулативи.

Поврзани вести

Битиќи: Успехот на домашните компании ќе се пресликува и во благосостојбата на нашето општество

msp-admin

Huawei се насочува кон развој на софтвер, станува конкурент на Google

Влатко Зорба

Балкански медиуми: Во Северна Македонија ќе се гради 100 мегаватна фотоволтаична електрана

Никола Поповски