СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Русија може да биде исклучена од западните платни системи

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков предупредува на ризикот од исклучување на Русија од западните платни системи, со оглед на непријателскиот однос на многумина кон Москва.

„Можеме да кажеме едно со сигурност – во една или друга форма, ограничувањата против Русија ги користат бројни земји со цел незаконски, од гледна точка на меѓународното право, да ја контролираат Русија“, рече Песков на денешната прес-конференција, пренесе Агенција ТАСС.

Тој додаде дека овие ограничувања се манифестираат во различни форми и дека тоа е прилично непредвидлив процес.

„Затоа, во рамките на тој процес, земајќи го предвид ваквото негативно, а понекогаш дури и непријателско однесување кон нас, ништо не може да се исклучи“, рече Песков.

Поврзани вести

„АТС Гроуп“ донира 500.000 заштитни маски и 20.000 тестови за Ковид 19

msp-admin

Важна маркетинг лекција од Мишел Фајфер

msp-admin

Претседателот на Samsung Electronics влегува во затвор

msp-admin