Стандард
КОМПАНИИ

Oд сопственикот на „Евер Гивен“ бараат 916 милиони долари за блокирање на Суецкиот канал

Бродот што го блокираше Суецкиот канал скоро една недела во март не може да замине, а властите на каналот, египетската управа на каналот Суец (СЦА), бараат оштета од сопственикот на бродот од Јапонија од 916 милиони американски долари, објави Ројтерс, повикувајќи се на два извори.

Контејнерскиот брод „Евер Гивен“, кој е во сопственост на компанијата „Шои Кисен“, се наоѓа во езерото што ги раздвојува двата дела на каналот, откако беше одглавен на 29 март, кога СЦА ја започна истрагата.

Два извори на СЦА, кои одбија да бидат именувани, за Ројтерс изјавија дека египетскиот суд наредил бродот да биде задржан.

Според друг извор, во тек се преговори за надомест на штета.

Компанијата осигурител на бродот „Евер Гивен“, објави дека каналот бара 300 милиони долари бонус за спасување на бродот и 300 милиони долари за губење на угледот, пренесува Танјуг.

Директорот на СЦА, Осама Раби, изјави за египетската телевизија дека „Евер Гивен“ нема да го напушти каналот се додека не заврши истрагата и не се исплати надоместокот.

„Евер Гивен“ заглави во Суецкиот канал на 23 март, затворајќи го преминот шест дена, па 400 бродови мораа да чекаат, додека останатите поминаа на друг начин да ја заобиколат Африка.

Поврзани вести

Бил Гејтс ја откри својата најголема грешка која го чинеше 400 милијарди долари

msp-admin

Околу 305 илјади граѓани користат Домашна платежна картичка

msp-admin

Електричните автомобили наскоро поевтини од класичните?

Влатко Зорба
error: Превземањето на содржина без дозвола од авторот е дело казниво со закон!!!