СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Римац во C_Two се тркаше со Porsche Taycan, еве кој победи (ВИДЕО)

Мате Римац објави снимка од трката помеѓу моделите Rimac C_Two и Porsche Taycan Turbo S на пистата на аеродромот во Нова Горица.

Автомобилот што го возеше беше еден од петте произведени во претпродукција, рече Римац и најави дека ќе ги покани новинарите да го тестираат во наредните недели.

Rimac C_Two нема да биде официјалното име на моделот, рече Римац. Вистинското име ќе биде објавено наскоро.

„Автомобилот сè уште не е завршен, има уште простор за подобрување“, вели тој.

И покрај слабиот старт, C_Two го престигна Porsche и прв ја мина целта.

„Се разбира, не е сè во забрзувањето“, рече Римац, најавувајќи значително подобрување во перформансите на автомобилот во текот на следните неколку недели.

Bugatti Chiron во моментов го држи рекордот со 9,4 секунди за четвртина милја, додека на Римац му требаше нешто помалку од 9 секунди во неговиот автомобил.

Поврзани вести

„Трето око“: Решение за оние кои не можат да го тргнат погледот од мобилниот телефон (видео)

Влатко Зорба

Ќе го спасат ли ковид-пасошите туризмот?

Влатко Зорба

Данска планира да воведе „корона-пасош“: „Ова е светлото на крајот од тунелот“

Влатко Зорба