СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Можна нова пандемија: Гејтс го предупредува светот за БИОТЕРОРИЗАМ

Милијардерот Бил Гејтс во својот блог „GatesNotes“ наведува дека тажната реалност е дека Kовид-19 најверојатно не е последна пандемија.

„Не знаеме кога и што ќе се појави следно, без разлика дали станува збор за грип, коронавирус или некое ново заболување што сè уште не сме го виделе. Но, она што го знаеме е дека не можеме да си дозволиме ново изненадување“, истакна филантропот и милијардер.

Гејтс посочува дека следната пандемија може да биде резултат на биотероризам, нагласувајќи дека, „за да се спречи повторување на минатогодишните несреќи, подготвеноста за пандемија мора да се сфати исто толку сериозно како и опасноста од војна“.

Тој ги спореди идните смртоносни глобални пандемии со нов вид „воено оружје“.

Потсети дека на конференцијата во Минхен во 2017 година „ги замолил светските лидери да замислат дека некаде во светот има или може да има ново оружје, способно да убие милиони луѓе, да ги запре економиите и да ги турне народите во хаос“.

„Не можеме да предвидиме кога, но со оглед на постојаното појавување на нови патогени микроорганизми, зголемениот ризик од биотерористички напади и растечката меѓусебна поврзаност на нашиот свет, постои голема шанса да се случи голема и смртоносна модерна пандемија“, напиша Гејтс.

Споменува и различни видови мерки што можат да ги преземат владите за да се подготват за таква ситуација во иднина. Во исто време, повика на континуирано финансирање на научните алатки кои во моментов нè водат низ пандемијата на коронавирус.

„За да се спречи следната пандемија, ќе треба да се потрошат десетици милијарди долари годишно – голема инвестиција, но имајте на ум дека пандемијата Ковид-19 ќе чини 2.800 милијарди долари“, предупредуваат тие.

Во публикацијата, исто така, вели дека се очекува голем напредок во развојот на нови вакцини во следните пет години и дека мора да постои глобален систем за предупредување заснован на дијагностички тестови, што денес не може да се направи во голема мера.

„Се надевам дека ќе добиеме широка поддршка за напорите што можат да обезбедат дека повеќе нема да ги доживуваме тешкотиите од минатата година. Веќе се појавуваат нови стратегии за да се подготвиме за идните пандемии и очекувам да видам повеќе од нив во наредните месеци и години. Светот не беше подготвен за пандемијата Ковид-19. Мислам дека ќе биде поинаку следниот пат “, заклучи Гејтс.

Поврзани вести

Лондон размислува да дава по 500 фунти на секој со Ковид-19

Влатко Зорба

За прв пат во историјата: Слика на Бенкси на аукција за биткоини

Само што ќе излезе од дома, веднаш заработува 55.000 евра!

Влатко Зорба