СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

СИПРИ: 2.000 милијарди долари потрошени за вооружување во 2020 година

Скоро 2.000 милијарди долари се потрошени за вооружување во 2020 година, и покрај слабеењето на економијата, според новиот годишен извештај на Меѓународниот институт за мир во Стокхолм (СИПРИ).

Распределбите за оружје изнесуваат 2,4 проценти од глобалното економско производство и покрај фактот што, според проценките на Меѓународниот монетарен фонд, производството е намалено за 4,4 проценти поради корона-кризата, објави Дојче веле

Првите места ги заземаат САД и Кина. Повеќе од половина од глобалното трошење на оружје оди во овие две земји, кои се повеќе се оддалечуваат политички.

Оваа сума пари не е потрошена од 1988 година, а тогаш сè уште беше време на Студената војна.

Минатата година, во 2020 година, државите инвестираа 1,981 милијарди долари во ракети, тенкови, муниција и нивните војници. Тоа е 2,6 проценти повеќе од една година порано. И сето тоа и покрај пандемијата на коронавирус, чие сузбивање предизвика економски колапс.

Само неколку земји, како Чиле или Јужна Кореја, ги намалија средствата наменети за оружје во корист на сузбивање на пандемијата. Бразил и Русија исто така ги намалија своите воени буџети во споредба со претходните планови. На пример, Русија за 6,6 проценти.

Поврзани вести

Sony не може да ја покрие побарувачката на нејзините сензори за камера

msp-admin

Amazon може да банкротира до 2030 година

msp-admin

Азески: Ако конечно не завладее правото, бизнисот ќе регистрира компании во Прешево, Сандански, Солун…

Никола Поповски