СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Градежна комора: Цените на становите во Скопје ќе надминат 2.000 евра по квадрат

Градежната комора на Македонија соопшти дека цените на становите во Скопје, поточно во центарот на градот, ќе надминат 2.000 евра по квадрат. Причина за забрзаниот раст на цените има повеќе, но главно е дека растат цените на материјалите за работа.

Според пресметките на комората, градежните материјали се поскапени за 80%, а се поголем проблем претставува и нивната набавка заради пандемијата. За градежните фирми и работната сила станува се поскапа.

Градежниците велат дека иако секторот не бил директно погоден од пандемијата, не останал имун на кризата заради поврзаноста со другите гранки.

Во текот на 2020 градежништвото паднало за 2,1%, но негативниот тренд продолжил и годинава.

Поврзани вести

Владата најавува намалување на персоналниот данок во ИТ секторот од 10 на 0 отсто во 2023 година

Влатко Зорба

Како Кина може да го порази САД во трговската војна?

Оштетени штедачи: Како БКД-М дооел земал кредит близу еден милион евра за деловно неактивна фирма?

Влатко Зорба