СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Акциите на Фејсбук забележаа рекорден скок

Вредноста на акциите на Фејсбук скокна на рекордни бројки, откако социјалната мрежа објави резултати подобри од очекуваните за првиот квартал од годинава, благодарение на растот на приходите од рекламирање, објави АП.

Основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, рече дека дополнителните пари ќе значат дека компанијата ќе инвестира повеќе во нови области со потенцијал за раст – вклучувајќи проширување на виртуелната реалност, трговија, деловни пораки, креатори на содржини, како што се видеа, билтени и домаќини на подкасти.

Компанијата соопшти дека заработила 9,5 милијарди долари или 3,3 долари по акција во периодот од јануари до март 2021 година.

Тоа е зголемување од 94 проценти во споредба со истиот период минатата година, кога заработката беше 4,9 милијарди долари.

Во март, Фејсбук го користеа 2,85 милијарди корисници, што е зголемување за десет проценти.

Другите апликации во сопственост на Фејсбук – Инстаграм, Ватсап – имаа комбинирано 3,45 милијарди корисници во март.

Тоа се луѓе кои се најавиле барем еднаш на една од апликациите.

Поврзани вести

Бајден против Северен тек 2: „Гасоводот е лоша работа за Европа“

Влатко Зорба

Цената на златото нагло падна

Влатко Зорба

Петмина руски богаташи го зголемија своето богатство за 27 милијарди долари за една година

msp-admin