СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

На Европа и се потребни 355 милијарди долари за воведување на 5G

Европа треба да вбризга 300 милијарди евра (355 милијарди долари) во својата телекомуникациска инфраструктура до 2025 година, ако сака да воведе супер брз 5G низ блокот од 27 земји, за да го зајакне економскиот раст и да ги искористи потенцијалот на технологијата, се вели во најновиот извештај.

Студијата на консултантската компанија BCG, нарачана од лоби групата ETNO, доаѓа во момент кога Европската унија се надева дека 5G ќе ја извлече од рецесијата, предизвикана од пандемија со Ковид-19 и да ја преземе водечката улога во уредите поврзани на Интернет.

Но, телекомуникациските оператори на ЕУ не сакаат да инвестираат во 5G мрежите, кои би можеле да ги поддржуваат паметните фабрики и автономните автомобили, поради огромните трошоци. Од друга страна, истакнуваат дека плановите за проширување преку спојувања за да се преземат овие скапи проекти, се спречени од тврдите правила на ЕУ за анти-монопол.

„Потребни се уште 150 милијарди евра за да се постигне целосно 5G сценарио во Европа, додека дополнителни 150 милијарди евра се потребни за да се заврши ажурирањето на фиксната инфраструктура на гигабитни брзини“, се вели во извештајот.

Доцнењата на аукциите на 5G спектарот – бранови неопходни за операторите да почнат да нудат комерцијални 5G услуги – поради промената на фокусот на владите за да се спротивстават на пандемијата, исто така, ја разочараа индустријата.

Студијата предложи неколку мерки што владите и регулаторите би можеле да ги спроведат за зајакнување на телекомуникациската индустрија.

„Еден од таквите чекори е спроведување нови модели на сопственост кои вклучуваат доброволно делење на инфраструктурата, што може да овозможи побрзо воведување на 5G, намалување на вкупното влијание врз животната средина и зголемени трансфер на знаење меѓу партнерите“, се наведува во извештајот .

Некои од останатите предлози се и олабавување на правилата за да им се овозможи на давателите на телекомуникациски услуги да соработуваат и да коинвестираат, како и изградбата на инфраструктурата да се одвои од бизнисот со телекомуникациски услуги.

Студијата повика и да им се дозволи на операторите да го монетизираат сообраќајот на податоци на своите мрежи, за да ги достигнат ривалите како Google, Facebook, Microsoft и останатите технолошки гиганти.

Поврзани вести

Лагард: ЕЦБ ја зголеми прогнозата за економски раст и инфлација

Влатко Зорба

Цените на нафтата паѓаат поради блокадата во Кина: „Очекувањата за побарувачката не се премногу ветувачки“

Влатко Зорба

Нова бензинска станица со брендот ОКТА отворена во Скопје (ФОТО)

msp-admin