СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

СКСЗМ го вклучи Косово во извештајот на Светскиот Економски Форум

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ) во соработка со Бизнис Комората на Косово (БКК) постигнаа заеднички успех, со тоа што ја вклучија Република Косово во кредибилниот светски извештај на Светскиот Економски Форум – “Глобален Индекс на Конкурентност”, во кој се отсликува реалната состојба на опкружувањето за водење бизнис.

СКСЗМ како институционален партнер на Светскиот Економски Форум иницираше постапка за вклучување на Република Косово во овој извештај на Глобалниот индекс на конкурентност. Бизнис Комората на Косово, како стратешки партнер на СКСЗМ, ќе спроведе истражување со извршните директори на компаниите во Република Косово, како составен дел од извештајот. СКСЗМ првично ќе биде посредник помеѓу БКК и Светскиот економски форум во спроведувањето на истражувањата и потребните активности за овој извештај.

Меѓусебната соработка на СКСЗМ и БКК, во конкретниот случај, докажа дека со професионализам и максимален ангажман може да се постигне голем успех како овој. Застапувањето и заштитата на интересите на деловната заедница се појавува како еден од клучните аспекти на деловниот еко-систем, притоа создавајќи амбиент за деловно работење како предуслов за економскиот развој на земјата. Горенаведениот извештај се појавува како патоказ за дефинирање на развојните економски политики за двете наши држави. На овој начин коморите што ние ги претставуваме даваат вонреден придонес во донесувањето на овој извештај, кој може да обезбеди основа за дефинирање на макроекономските политики и потребното законодавство за бизнисите.

Светскиот економски форум, кој го подготвува извештајот за глобалниот индекс на конкурентност, обезбедува релевантни податоци и ја проценува конкурентноста, продуктивноста и просперитетот на земјите. Тој е поделен на 12 столба и до денес брои 141 држави учеснички.

Поврзани вести

Хотелите „Славија“ и „Попова Шапка“ прилагодени за ваучерите за туризам

Бектеши: Ги повикувам граѓаните разумно да купуват, а маркетите да направат планови

Бескаматни кредити за компании за најпогодените сектори, најави Наумов