СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

НБ: Немавме докази за перење на пари од страна на „Еуростандард банка“

Народната банка и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, целосно ги отфрлаат неточните наводи и квалификации во соопштението на Здружението на штедачи за начинот на постапување на Народната банка и гувернерката во случајот на „Еуростандард банка“, стои во реакцијата до медиумите на денешното соопштение.

„Како што беше укажано во повеќе наврати досега, Народната банка, врз основа на наодите на супервизорските тимови, има изречено голем број супервизорски мерки кои биле соодветни на состојбите во банката. Конкретно, од 2013 година, па сѐ до одземањето на дозволата во август 2020 година, изречени се околу 70 супервизорски мерки. Само во последните две години, откако гувернерката Ангеловска-Бежоска ја извршува оваа функција, изречени се околу 40 супервизорски мерки. Напоменуваме дека Народната банка не одобрува кредити, туку тоа го правеле органите на „Еуростандард банка”. Токму поради констатиран зголемен кредитен ризик од кредитите одобрени од овие органи на Банката, за да го заштити нејзиниот биланс, Народната банка побара да се изврши докапитализација на Банката. Исто така, побарана и направена беше целосна промена на органите на Банката“, се вели во реакцијата од НБ.

Според нив, не е точно тврдењето дека Народната банка и гувернерката имале докази за перење на пари од страна на Банката и за тоа не ги известиле надлежните органи, како и дека тоа првпат е сторено по затворањето на Банката.

Напротив, Народната банка за сите индиции во овој домен навремено ги известила државните органи кои имаат надлежност и експерти за утврдување и натамошно постапување. И во оваа прилика потсетуваме дека сите релевантни меѓународни финансиски институции и домашни експерти посочија дека Народната банка, како професионална и независна институција, во случајот на „Еуростандард банка”, постапила соодветно и навремено, се додава во реакцијата на Народна Банка.

Поврзани вести

ДЗС: Невработени се 155.575 лица во земјава

Берта Китинска

Северна Македонија и Словенија имаат одлична економска соработка

Влатко Зорба

Битиќи: Креираме политики кои ќе овозможат предвидливо бизнис опкружување и привлекување на капитално интензивни инвестиции

Влатко Зорба