СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

„Биткоинот нема вредност, тоа е безвредна илузија“: 10 цитати на Бафет за популарната паричка

Ворен Бафет (89), познат инвеститор и шеф на „Беркшир Хатавеј“, со години е еден од најгласните критичари на биткоинот, нарекувајќи го безвреден и ризичен.

Фановите на криптовалутите денес се радуваат, повторувајќи ги зборовите на Бафет, бидејќи вредноста на биткоинот скокна за неверојатни 350 проценти минатата година и достигна рекорд.

Еве ги најпознатите цитати на Бафет за биткоин:

1. Криптовалутите во суштина немаат никаква вредност и не произведуваат ништо. Не можат да ви испратат чек, не произведуваат ништо и не прават ништо. Кога ги имате, се надевате дека ќе се појави некој што ќе сака да ви плати повеќе за нив отколку некој пред него. (Февруари 2020 година)

2. Биткоинот сам по себе нема никаква вредност, бидејќи не произведува ништо ново. Може да го гледате цел ден, но нема да излезе од тоа нови мали биткоини или нешто слично. Тоа е илузија. (Февруари 2019 година)

3. Ако јас и ти купиме различни криптовалути, нивната количина нема да се зголеми, ниту ќе се претвори во еден куп зајаци кои седат пред нас. Тие само ќе стојат таму каде што ќе ги поставиме. Па, ние ќе бидеме се повеќе и повеќе возбудени додека ги купуваме едни од други. Можеме да седиме само дома сами и да ја зголемиме нивната цена меѓу нас, но на крајот на денот има биткоин пред нас и повторно мора да најдеме некој да го купи, и на тоа мора да му дојде крајот. (Мај 2018 година)

4. Со голема сигурност можам да кажам дека приказната за биткоинот ќе заврши грдо. (Јануари 2018 година)

5. Биткоинот е отров за стаорци на квадрат. (Јануари 2018 година)

7. Биткоинот не е валута. Не ги исполнува условите да биде валута. Не би бил изненаден ако тој не е таму за 10, 20 години. Не е ниту средство за размена ниту средство за складирање пари. (Март 2014 година)

8. Цената што скока создава се повеќе клиенти и луѓето мислат: „Морам да се вклучам“, но многу е подобро кога не ја разбирате – Кога не разбирате како работи, вие сте многу повозбудени отколку кога разбирате. (Мај 2018 година)

9. Многу е подобро да поседувате нешто што произведува нова вредност во следните 50 години, отколку да поседувате парче хартија или Биткоин. (Март 2014 година)

10. Немам биткоин. Јас не поседувам никаква криптовалута. Никогаш нема да го сторам тоа. Можеби ќе стартувам Ворен криптовалута. Јас можам да го создадам и да кажам дека ќе има само 21 милион. Можете да ги набавите кога ќе умрам, но не можете да правите ништо со тоа, освен да го продадете на некој друг. (Февруари 2020 година)

Поврзани вести

XRP не е хартија од вредност, според Министерството за финансии на Велика Британија

Влатко Зорба

Вредноста на Ethereum се искачи над 1.100 долари

Влатко Зорба

Аналитичар од Волстрит го даде првиот рејтинг на акциите на Coinbase

Влатко Зорба