СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Fortenova“ доби две понуди за „Ledo“, двете во вредност од над 600 милиони евра

Хрватските медиуми објавија дека „Fortenova grupa“, според нивните неофицијални информации, добиле повеќе понуди за „Ledo“, дури и доста високи понуди за кои многумина проценувале дека немаат шанса да ги освојат.

Имено, според информациите од „Lider“, тие добиле понуда од американската „Nomad Foods“ од над 600 милиони евра, но и понуда поголема од тоа, но другите услови не биле прифатливи за нив, па „Fortenova“ започнале преговори со американско-британската компанија.

Фабрис Перушко, претседател на Управниот одбор на „Fortenova“, очекува дека договорот за откуп може да биде потпишан на крајот на првиот квартал, а трансакцијата да биде склучена во текот на летото.

„Nomad“ е една од водечките европски компании во областа на замрзната храна, која вклучува познати брендови како „Birds Eye“, „Findus“, „iglo“, „Aunt Bessie’s“ и „Goodfella’s“. Во соопштението на својата веб-страница се вели дека овие брендови сега имаат можност да влезат во нови европски пазари во развој и дека „Ledo“ е мост за идна консолидација во Централна и Источна Европа.

„Fortenova grupa“ е водечка компанија за замрзната храна во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и во неколку други земји од Југоисточна Европа, има познати локални брендови во тие земји, потрошувачите ги препознаваат. Тaа е лидер на пазарот во регионите во кои работи во многу категории. Со купување на дел од групацијата, портфолиото на „Nomad“ ќе се прошири на европските пазари во развој. Преговорите се во тек и нема гаранција дека трансакцијата на крајот ќе се случи. Додека не се постигне конечен договор, компанијата нема намера да дава дополнителни информации за овој процес“, се вели во соопштението на американско-британската компанија.

Поврзани вести

Рускиот гас од Арктикот продаден 20 години однапред

Влатко Зорба

Мобилната индустрија ги засилува барањата за ревизија на европските правила

Влатко Зорба

Демистифицирање на никотинот: Неетички е да се лишат луѓето од помалку штетни алтернативи

msp-admin